Отворена изложбата на цртежи на Љубе Чаловски во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вчеравечер беше отворена изложбата на цртежи на архитектот Љубе Чаловски.

Loading...

 

 

Изложбата содржи 30-тина цртежи работени во техниката јаглен на хартија коишто се работени во приодот од последните неколку години.

„Поводот за оваа изложа е изминатиот период од 20 години од првата изложба во НУЦК „Трајко Прокопиев“. Јубилеј достоен за почит. Инспириран, ненаметливо го создаде новиот ликовен опус. На оваа ликовна изложба се изложени дела со мотиви од просторите и градовите на повеќе меридијани каде градел и престојувал во изминатиот период авторот повеќе од 30 години и тоа Блискиот Исток, Јужен Сибир, Русија, Балтичките Земји, Грција и се разбира мотиви од преубавата Македонија од Велес, Крушево, Кратово, Гостивар, Тетово, Охрид и Галичник, кои во ризницата се со посебно значење. Цртежите во техниката јаглен на хартија ги воскреснаа скиците од објектите кадешто пестојував и градев, вели авторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

 

Loading...

 

Изложбата ќе биде поставена во следните две недели.

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски