Шеесет и тригодишен скопјанец вчера избегнал куршум откако било пукано кон него во липковското село Никуштак.
Loading...
– На 27.06.2023 околу 18.45 часот во СВР Куманово 63-годишен скопјанец пријавил дека околу 18.00 часот во с.Никуштак, Општина Липково, А.М. од с.Никуштак, со кого имал нерасчистени должничко-доверителски односи, пред семејната куќа испукал кон него со гнено оружје, но не го погодил, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во координација со Јавен обвинител, извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Никола Ивановски