Расте бројот на загинати во рускиот напад на украинскиот Краматорск

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во рускиот напад врз градот Краматорск во источна Украина се искачи на осум, соопштија во средата украинските служби за итни случаи, додавајќи дека 56 лица се повредени.

Loading...

Руски проектил погоди преполн ресторан во центарот на Краматорск во вторникот. Три лица се извлечени од урнатините, додаваат од итната помош.

Друг проектил погоди село на работ на Краматорск, при што беа повредени петмина, но главните жртви беа во ресторан каде меѓу загинатите има најмалку три деца.

„Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините на уништената зграда“, соопштија службите за итни случаи на апликацијата Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранскиот лидер пристигнува во Москва, ќе се сретне со Путин

Руска ракета погоди и група згради во Кременчук, на околу 375 километри западно во централна Украина, точно една година по нападот на тамошниот трговски центар, во кој загинаа најмалку 20 луѓе.

Во последниот напад немаше жртви.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.