Двегодишно момче во малото гратче Норвалк, Охајо, пукало со пиштол кон својата бремена мајка, убивајќи ја неа и нејзиното неродено дете, соопшти локалната полиција.
Loading...
Се додава дека околу 13 часот на 16 јуни полицијата добила повик од 31-годишна жена која рекла дека „нејзиниот двегодишен син и пукал во грб“, пренесува Си-Ен-Ен.
За време на разговорот со диспечерот, Лаура Илг рече дека е бремена во осмиот месец.
Полициските службеници пристигнале на местото на настанот неколку минути подоцна, а мајката и синот, заедно со пиштол, ги пронашле во спалната соба на горниот кат.
Жената била префрлена во болница каде што по кратко време била констатирана смрт.