Индискиот премиер пристигна во Вашингтон: „Одличен разговор со Бајден“

Сподели со своите пријатели

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ја започна дводневната посета на Вашингтон.

Loading...

Тој им се заблагодари на американскиот претседател Џозеф Бајден и на првата дама Џил Бајден што го угостија во Белата куќа.

Моди изјавил дека имал „одличен разговор“ со нив на неколку теми, пренесува „Тајмс оф Индија“.

За време на посетата на индискиот премиер се очекува да се продлабочи одбранбената и технолошката соработка меѓу двете земји.

Според Ројтерс, САД сакаат Индија да биде стратешка противтежа на Кина и ја гледаат како клучен партнер.

Моди вечерва ќе се обрати пред американскиот Конгрес и заедно со Бајден ќе одржи прес-конференција. Потоа индискиот премиер ќе присуствува на официјална вечера.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бил Клинтон хоспитализиран