Мелони: Тунис ја доживува најтешката криза

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека лидерите на таа земја и на Холандија, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во недела ќе отпатуваат во Тунис за да разговараат за напредокот во договорот меѓу ЕУ и Тунис за енергија, економија и миграција.

Loading...

– Тунис е приоритет, бидејќи дестабилизацијата во Тунис би имала сериозни реперкусии врз стабилноста на цела Северна Африка, а тие последици неизбежно ќе стигнат и овде – рече Мелони на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според АП, договорот меѓу Тунис и ЕУ е важен поради подобрувањето на економските, енергетските и миграциските прашања во таа северноафриканска земја.

Се поголем број африкански мигранти од соседна Либија пристигнуваат во Тунис, поради што земјата апелираше за економска помош.

Тунис ја доживува најтешката криза

ЕК објави дека Тунис ја доживува најтешката криза кога станува збор за инфлацијата, која се движи околу 11 отсто, како и кога станува збор за недостигот на храна.

Туниската влада преговараше за договор за заем од 1,9 милијарди долари со Меѓународниот монетарен фонд, но разговорите заглавија минатата година поради политичките тензии во Тунис.

Мелони рече дека управувањето со мигрантските текови е приоритет, истакнувајќи дека нестабилноста создаде „домино ефект на други проблеми за Италија, а исто така и за Европа како целина“.

Таа се состана со тунискиот претседател Каис Сајед претходно оваа недела за да ги постави темелите за договор со ЕУ, што, според неа, може да биде чекор кон договорот на Тунис со ММФ.

Loading...