ОН предупредија на тешки и далекусежни последици за илјадници луѓе во Украина

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации (ОН) предупредија на „тешки и далекусежни последици за илјадници луѓе“ по делумното уривање на браната Каховка во експлозија во јужна Украина.

Loading...

Како што јави Би-Би-Си, претставникот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс изјави дека размерите на катастрофата кај браната ќе станат јасни дури во наредните денови.

Илјадници луѓе ги напуштија своите поплавени домови во областите околу браната. Се стравува дека нивото на водата може дополнително да се зголеми.

Украина и Русија се обвинија меѓусебно за кревање на браната вчера.

Украинските власти синоќа соопштија дека во тек е евакуација на „повеќе од 17.000“ цивили од поплавените подрачја околу браната Каховка на југ, јави Бета.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.