Полската национална авиокомпанија ЛОТ истражува инцидент со дрон на аеродромот Фредерик Шопен во Варшава, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Loading...
Дронот е забележан како лета на 30 метри од авионот „ембраер“ кој се приближувал кон пистата на лет од Познан, објави веб-страницата „ТВН24“.
„Овој инцидент се случи во саботата попладне. Според процедурата, пилотите подготвиле записник. Во моментов случајот го истражува истражниот комитет на ЛОТ. Секој ваков инцидент е опасен. За среќа, овој пат ништо не се случи“, изјави портпаролот на полската новинска агенција ПАП, пренесе Ројтерс.
Според пилотот, неидентификуваниот дрон бил долг три метри, изјави портпаролот, пренесува Танјуг.