Холанѓанец го чувал телото на својот татко во замрзнувач година дена

Сподели со своите пријатели

Маж од Холандија го чувал телото на починатиот татко (101) во замрзнувач повеќе од една година за да „разговара со него“, пренесува Телеграф.

Loading...

82-годишниот маж изјави за локалниот весник дека „не сакал да го пушти (неговиот татко) да си оди бидејќи во спротивно ќе му недостига“.

Весникот „Де Лимбургер“ објави дека мажот го ставил својот татко во замрзнувач откако тој починал од природна смрт пред 18 месеци.

Телото било откриено во градот Ландграф откако матичниот лекар изразил загриженост за здравјето на таткото.

‌ Полицијата не се сомнева во синот за убиството на таткото, но истражува дали е сторено кривично дело.

Во тек е полициска истрага

Доколку биде осуден за криење на телото, може да се соочи со затворска казна до две години или парична казна.

Тој беше сослушан во рамките на истрагата, но не и уапсен.

„Во моментов ја истражуваме смртта на тоа лице и зошто посмртните останки се ставени во замрзнувач. Во интерес на истрагата засега не даваме изјави“, соопштија од полицијата.

Loading...

Соседот за весникот изјавил дека во последните 25 години не го видел таткото чие тело е пронајдено.

Тој додаде дека последен пат разговарал со негоиот син, кој е сопственик на куќата што ја делел со неговиот татко од 1967 година, пред една и пол недела.

Соседот изјавил дека сопругата на неговиот син, со која има ќерка, починала во 1997 година.

Тој нагласи дека неговиот син „не изгледал добро последниот пат кога разговарал со него“.

„Овде живеам повеќе од дваесет години, но никогаш не сум го видел татко му“, вели друг локалец.

Холандските медиуми јавуваат дека синот во соседството бил познат по тоа што ги хранел локалните мачки.