Борел: ЕУ е со Србија во овие тешки моменти

Сподели со своите пријатели

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Јосеп Борел, денеска изјави дека Европската унија е со Србија, по две масовни престрелки за два дена.

„Во Србија се случи уште едно масовно пукање, беа убиени невини луѓе. Ова е шокантна, страшна трагедија. Ја чувствуваме болката и цврсто стоиме покрај народот на Србија во овие тешки моменти“, напиша Борел на Твитер.

На крајот од твитот тој на српски напиша „ЕУ е со Србија“.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си го повика Фицo да ѝ помогне на Кина да изгради подобри односи со ЕУ