Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од пожарите што беснеат низ руската област Свердловск во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото.
🔥 Russia is on fire again.
The fire began on the territory of a furniture factory in the village of Balyaga, Zabaykalsky Krai, and then the fire spread to residential buildings. At present, the fire area has grown to 12 thousand square meters, according to russian media. pic.twitter.com/SiaHYkSutY
— ✙ Albina Fella ✙ 🇺🇦🇬🇧🇫🇷🇩🇪🇵🇱🇺🇸🇨🇦🇦🇺 (@albafella1) April 25, 2023
Повеќе од 380 луѓе се борат со пожарот
„Пожарот уништи 178 згради, од кои 134 станбени и 32 нестанбени згради“, објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм.
Пожарот се прошири кон селата Шосва и Тајежни и проголта вкупно повеќе од 11.000 квадратни метри.
🔥🔥In the Sverdlovsk region of Russia the fire still rages pic.twitter.com/H4r4VqZ1M0
— Malinda 🇺🇸🇺🇦🇵🇱🇨🇦🇮🇹🇦🇺🇬🇧🇬🇪🇩🇪🇸🇪 (@TreasChest) April 26, 2023
Едно лице загина во село Шосва. Причината за пожарот сѐ уште не е позната.
Руските служби за итни случаи објавија дека повеќе од 380 луѓе биле вклучени во неговото задржување.
Dozens of buildings caught fire in Sosva, #Sverdlovsk region, #Russia. pic.twitter.com/VkY9Aikhl9
— NEXTA (@nexta_tv) April 26, 2023