Гаспром ја снабдува Европа со гас преку Украина во количина од 38,9 милиони кубни метри дневно, соопшти компанијата.
Loading...
Оттаму додаваат дека снабдувањето оди преку пумпната станица за гас Суја во руската област Курск и додаваат дека украинската страна го одбила барањето за снабдување преку Сорановка, пренесува Capital.ba.
Во саботата Гаспром испорача 39,4 милиони кубни метри гас.
Транзитната линија низ Украина е единствената рута за снабдување на руски гас за земјите од Западна и Централна Европа.
Испораката преку Северниот тек е целосно прекината.