Денеска е свето Благовештение, или меѓу народот попознато како Благовец.
Loading...
На денешен ден, ангелот Гавриил ѝ се јави на Пресвета Дева во архангелска светлина и ѝ рекол: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“
Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започнало спасението на луѓето и обновата на созданието.
А историјата на Новиот Завет значи радост за човештвото и за сета твар.
Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!
(Од Верскиот календар на МПЦ)