Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, смета дека земјите од НАТО се страни во конфликтот во Украина.
– Земјите на НАТО ја направија Украина во еден голем воен камп, не криејќи ја својата главна цел – да ја поразат Русија на бојното поле, а потоа да ја распарчат – изјави Патрушев во интервју за руски Газета.
– Тие (земјите од НАТО) испраќаат оружје и муниција на украинските војници, им обезбедуваат разузнавачки информации, вклучително и помош од сателити и значителен број беспилотни летала – рече Патрушев, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека инструктори и советници на НАТО ја обучуваат украинската армија, додека, како што рече, „платеници се борат како дел од неонацистичките баталјони“.
Патрушев рече и дека Соединетите Американски Држави одамна станале шампиони по бројот на започнати војни во различни делови на светот и нарушување на суверенитетот на другите земји.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.