Расте гневот во Франција: Демонстрантите повторно на улица по обраќањето на Макрон

Сподели со своите пријатели

Неколку часа по синоќешното јавно обраќање на францускиот претседател Емануел Макрон за реформата на пензискиот систем, која според него ќе биде спроведена пред крајот на годината, на улиците на Париз беа организирани нови демонстрации.

Демонстрантите се собраа во 20-тиот париски арондисман, а оттаму започнаа ноќна прошетка низ париските улици.

 

 

Во исто време, друга група незадоволни граѓани се собраа во 18-тиот париски арондисман и две протестни поворки мирно демонстрираат во француската престолнина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водач на банда во Ел Салвадор осуден на 1.335 години затвор

Францускиот претседател синоќа потврди дека законот за реформа на пензискиот систем треба да се спроведе пред крајот на годинава.

 

 

Тој рече дека неговата влада ќе се обиде да ја врати Франција „што е можно поскоро во нормала“.

Иако владата на премиерката Елизабет Борн го „преживеа“ гласањето недоверба во парламентот претходно оваа недела, протестите на противниците на пензиските реформи продолжија низ целата земја.