„Ја гледав снимката на која Русите ми го стрелаат синот. Тој е нескршлив. Рече дека нема да се предаде“

Сподели со своите пријатели

Потресна снимка од мајката на украинскиот војник кој Русите го убиле откако извикал „Слава на Украина“, изјави дека разговарала со него ден пред да биде убиен.

Loading...

Тој и рекол „Мајко, ти благодарам за животот“.

 

 

Украина го потврди идентитетот на војникот кој беше застрелан од Русите откако кажа Слава на Украина.

Станува збор за Олександр Мациевски (42), војник на територијалната одбрана на регионот Черниговски.

 

Loading...

 

Пред војната, Олександр работел како електричар во Киев, но доброволно отишол да ја брани својата татковина.

На крајот на 2022 година, тој и неговите четворица воени колеги извршија борбена мисија во градот Соледар, регионот Доњецк, од каде никој не се врати жив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е најзагаденото езеро на планетата: Еден час на брегот може да ве убие (ВИДЕО)

Мајката ја гледала снимката од Русите како го убиваат нејзиниот син

-Го погледнав на снимката и викнав „Саша“.

Последен пат Олександар разговарал со мајка си на 29 декември, ден пред неговата смрт.

 

Loading...

 

– Ми рече да внимавам, а јас како да почувствував нешто и му реков да внимава. Се врати, се прекрсти, го прекрсти нашиот дом, се збогуваше со мене и ми рече „мамо, ти благодарам за мојот живот“ – им рекла мајката на војникот Параска Демчук (67) на украинските новинари.

 

 

„Ќе ги победиме поради вакви луѓе“

– Зборуваме за вистински херој кој и пред смртта му покажа на целиот свет што значи украински карактер и нескротливост. Токму овие бранители денес ја бранат нашата земја, што значи дека непријателот сигурно ќе биде поразен. Затоа што големата победа на Украина се состои од херојски дела на луѓе како Олександар Мациевски. Слава на херојот! Слава на хероите! Слава на Украина! – изјави шефот на Службата за безбедност на Украина, Васил Маљук.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е најзагаденото езеро на планетата: Еден час на брегот може да ве убие (ВИДЕО)

Од крајот на декември, Олександр се сметаше за исчезнат во близина на населбата Красна Гора во областа Доњецк.

 

Loading...

 

Како што Службата за безбедност на Украина успеа да утврди, Олександр Мациевски бил застрелан на 30 декември 2022 година.

Судбината на војникот не се знаеше до 6 март, додека на социјалната мрежа не се појави видео кое брзо стана популарно, на кое украинскиот војник за последен пат пуши цигара и извикува Слава на Украина, по што е застрелан.

– Не спиев цела ноќ. Почувствував некакво олеснување кога видов како мојот син починал. Тешко е, но ја видов вистината. Го видов ликот на мојот син, толку нескротлив. Ми рече дека никогаш нема да се откаже – вели мајката на херојот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е најзагаденото езеро на планетата: Еден час на брегот може да ве убие (ВИДЕО)

 

Loading...

 

На гробиштата каде што е погребан Олександр, неговата мајка покажува на украинското знаме и вели дека нејзиниот син умрел за него.

– Загина за ова знаме, загина за „Слава на Украина“. Не сакав да живеам, дури барав место за себе на гробишта, но бидејќи тој ме замоли да живеам, значи дека знаел за што треба да живеам – вели мајката.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...