Преку Инстаграм се заканувал на поранешната сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен жител на Липково доби кривична пријава под сомнение дека преку Инстаграм се заканувал на поранешната сопруга.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.И.(26) од Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, на 08.02.2023, пријавениот преку социјалната мрежа „инстаграм“ упатил закани кон неговата поранешна сопруга.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  94.041 лице во Куманово со право на глас, во сабота гласаат болни, немоќни и затвореници