СЗО не се откажува од намерата да го утврди потеклото на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација не се откажува од идентификување на причините за пандемијата на Ковид, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Loading...

„Неколку пати пишував и разговарав со високи кинески функционери, дури и пред неколку недели. Сите опции за потеклото на вирусот сè уште се на маса“, рече Тедрос, пренесе Ројтерс.

„Волстрит журнал“ во неделата објави дека американското Министерство за енергетика изјавило дека коронавирусот најверојатно „протекол“ од кинеска лабораторија, што Пекинг го негираше.

„Сакам да бидам многу јасен дека СЗО не се откажа од своите планови да ги идентификува причините за пандемијата на Ковид“, додаде Тедрос.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 29 лица загинаа во поплавите на југот на Тајланд