Путин свика итен состанок. Кремљ: Украинскиот напад е тероризам

Сподели со своите пријатели

Руските медиуми денеска јавуваат дека украинските сили влегле на руска територија во областа Брјанск, која на север граничи со Украина.

Loading...

ТАСС пренесува дека „според последните информации влегле во две села“ и дека се водат борби.

Државната новинска агенција РИА Новости објави дека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на дневен брифинг за медиумите изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин го откажал планираното патување во Ставропол „поради ситуацијата во регионот Брјанск“.

Песков рече дека инцидентот е „терористички напад“.

Тврдењата не се независно потврдени. Украина веќе подолго време предупредува дека Кремљ планира да спроведе операции со лажни знамиња со цел да ја обвини Украина за ескалација на конфликтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган: Турција е подготвена да ги поддржи мировните преговори меѓу Русија и Украина во секој чекор

Првата реакција на Украина: Ова е намерна провокација

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Брајанск е „намерна провокација“ од Русија.

Михајло Подољак на Твитер напиша дека Руската Федерација „сака да го исплаши својот народ за да оправда напад врз друга земја“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...