Нови лежечки полицајци ќе се постават на неколку локации во Куманово како средство за смирување и безбедност во сообраќајот.
Информацијата ја сподели раководителот на на Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата, Лидија Ланг Спасовска, на седница Советот на Општина Куманово.
Како што потенцираше Ланг Спасовска, Општина Куманово пред неколку години поставила знаци во селото Умин Дол, Ново Село и Љубодраг, но при реконструкција на патот Черкезе – Никуштак истите биле отстранети.
– Ги замоливме изведувачите, бидјеќи ние не финансираме, не беа вратени. Истите ќе бидат вратени бидејќи имаме одобрение и истите ќе се вратат наскоро, потенцираше раководителката.
Проекти се изготвени за лежечки полицајци во селото Табановце и за истите има добиено согласност од Министерството за внатрешни работи. Деновиве таму се очекува истите да бидат поставени.
Лежечки полицајци ќе бидат поставени и на улиците „120“ и „101“ во населбата Карпош, каде веќе е поставена вертикална сигнализација.
Никола Ивановски