Блинкен во посета на Казахстан: САД се „сигурен партнер“ на земјите од Централна Азија

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Астана, каде ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Туркменистан и Таџикистан во формат Ц5+1 и ќе пренесе дека САД се „доверлив партнер“ на земјите од Централна Азија.

Loading...

Блинкен ќе им пренесе на министрите за надворешни работи на земјите од Централна Азија дека Вашингтон ги разбира нивните економски проблеми, предизвикани од руско-украинскиот конфликт, пренесува Ројтерс.

Блинкен му рекол на казахстанскиот министер за надворешни работи Муктар Тилеуберди на билатерален состанок дека САД го поддржуваат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на неговата земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден повтори дека САД се противат на израелската инвазија на Рафах

„Понекогаш само ги кажуваме овие зборови, но тие имаат вистинско значење“, истакна Блинкен, додавајќи дека тие зборови „во овој момент“ имаат уште поголема важност од вообичаеното.

Американскиот државен секретар ќе разговара и со претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев.

Американскиот помошник државен секретар за Јужна и Централна Азија Доналд Лу најави дека САД ги гледаат економските проблеми на овој регион и сакаат да помогнат, пишува Астана Тајмс.

По Астана, Блинкен патува за Ташкент, каде ќе се сретне со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев.