Медведев: Русија ќе се распадне ако ја загуби војната

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги отфрли повиците на американскиот претседател Џо Бајден руските сили да се повлечат од Украина, велејќи дека ако Русија не победи во Украина, таа ќе се распадне.

Loading...

„Ако САД престанат да му доставуваат оружје на режимот во Киев, тогаш војната ќе заврши“, напиша денеска на својот Телеграм канал заменик-шефот на рускиот Совет за национална безбедност.

„Ако Русија ја заврши специјалната воена операција без победа, тогаш Русија ќе престане да постои, ќе биде распарчена“, напиша Медведев.

Минатата година, на 24 февруари, Русија започна сеопфатна војна против Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вашингтон пост: Русија на преговорите ќе ја претставуваат Лавров и Ушаков

За Бајден: „Кој е овој чуден дедо?

Медведев на свој карактеристично тап начин го критикуваше Бајден за обраќањето до рускиот народ од Варшава во вторникот пред граѓаните на Полска.

„Кој е тој чуден дедо кој зборува од Полска со изгубен поглед? Зошто им се обраќа на луѓето од друга земја во време кога има доволно проблеми во неговите?

Медведев ги обвини САД, за кои рече дека предизвикале многу војни ширум светот, за „мегаломанија“.

Бајден вчера одржа говор во Варшава по повод првата годишнина од војната.

Loading...

Својот говор го заврши со директно обраќање до народот на Русија.

САД и Европа, кои обезбедуваат оружје и финансиска помош за Киев, „не сакаат да ја уништат или контролираат Русија“, рече Бајден. „Претседателот Путин ја избра таа војна“, рече Бајден. „Путин може да стави крај на војната со еден збор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган разговараше со Мелони, Турција е подготвена да помогне во завршувањето на војната

Западот бара повлекување на руските сили од Украина од почетокот на војната.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.