Сирија: Западните санкции ја влошуваат хуманитарната катастрофа по земјотресот

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи и дијаспора на Сирија, Фајсал Микдад, изјави дека „огромната катастрофа“ што ја снајде Сирија по земјотресот дополнително ја влошуваат западните санкции, кои спречуваат хуманитарна помош да влезе во земјата.

Loading...

Во интервју за телевизијата Ал Мајадин, Микдад посочи дека според меѓународното право хуманитарната помош не подлежи на санкции, но дека во реалноста „ништо не може да влезе во Сирија“ поради американските санкции, пренесува САНА.

Според министерот за надворешни работи на Сирија, Вашингтон и неговите сојузници се закануваат со санкции против земјите кои тргуваат со Дамаск.

Сирија ги мобилизираше сите свои ресурси веднаш по разорниот земјотрес и ги повика Обединетите нации (ОН), земјите-членки на ОН, Црвениот крст и другите релевантни организации да и помогнат на Сирија, рече Микдад.

Според министерот за надворешни работи на Сирија, „многу братски и пријателски земји одговориле на овој апел за помош“.