САД и Јужна Кореја спроведоа воени вежби во близина на Корејскиот полуостров

Сподели со своите пријатели

САД и Јужна Кореја спроведоа заеднички воздушни воени вежби по втор пат во една недела, во кои учествуваа некои од најнапредните авиони на двете земји.

Loading...

Двете земји спроведоа вежба над морето западно од Корејскиот полуостров, во која учествуваа јужнокорејски авиони Ф35А и американски авиони Ф-22 и Ф-35Б, соопшти јужнокорејската војска.

Во соопштението се наведува дека воздухопловните сили на двете земји ќе продолжат да одржуваат заеднички воени вежби за зголемување на капацитетите за можен соодветен одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја во четвртокот соопшти дека вежбите на САД и нивните сојузници ги достигнале, како што рече, „екстремните црвени линии“ и се закани дека ќе го претворат полуостровот во „критична воена зона“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се отвораат училишта во Лос Анџелес

Пјонгјанг, исто така, рече дека не е заинтересиран за дијалог се додека Вашингтон води непријателска политика. Северна Кореја минатата година изврши рекорден број тестови на балистички ракети и повторно го отвори полигонот за тестирање на нуклеарно оружје, потсетува Ројтерс.