Норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам вети дека ќе испрати тенкови во Украина „што е можно поскоро“.
Норвешка на тој начин стана последната во низата западни земји кои потврдија дека ќе испратат напредни тенкови во Украина.
Грам рече дека сѐ уште не е одлучено колку тенкови ќе бидат испратени, додавајќи дека најверојатно во пакетот за воена помош ќе бидат вклучени и тенковите од германско производство Леопард 2.
Според достапните податоци, Норвешка моментално располага со 36 тенкови Леопард 2.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци го повикува Западот за донации на тенкови, а по долги преговори минатата недела, САД и Германија потврдија дека ќе ги испратат своите тенкови во Украина.
Америка вети дека ќе испрати 31 тенк од типот Абрамс, а Германија 14 тенкови од типот Леопард 2.
Полска, Шпанија и Велика Британија исто така ветија дека ќе испратат напредни тенкови од западно производство.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.