Индија: Термоелектраните на јаглен не престануваат со производство до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Индија одлучи да не ги затвора електраните на јаглен до 2030 година поради зголемената побарувачка за електрична енергија, објави денеска Ројтерс.

Loading...

Агенцијата имаше увид во соопштението на индиското Министерство за енергетика, кое беше објавено нешто повеќе од две години по усвојувањето на уредбата за постепено намалување на употребата на фосилни горива.

Индија во мај минатата година објави дека планира да го намали производството на електрична енергија од најмалку 81 електрана на јаглен во следните четири години, но планот не вклучува затворање на ниту една од вкупно 179-те електрани на јаглен, и не е формално поставена временска рамка за постепено укинување на употребата на јаглен.

Индија, вториот по големина потрошувач, производител и увозник на јаглен во светот, не го исполни својот план за зголемување на производството на обновлива енергија за речиси една третина во 2022 година, а јагленот сочинува речиси три четвртини од годишното производство на електрична енергија во Индија.

Во Индија овој месец е забележана рекордна потрошувачка на електрична енергија од дури 210,6 GV, објави британската агенција.