ЕУ не може да ја нарече иранската Револуционерна гарда терористичка пред судска одлука

Сподели со своите пријатели

Европската унија не може да ја стави иранската Револуционерна гарда како терористички ентитет додека судот на ЕУ не утврди дека е тоа, изјави во понеделникот високиот претставник на Европската унија за надворешна политика.

Loading...

Министрите за надворешни работи на ЕУ, сепак, треба да додадат 37 имиња на списокот на луѓе и ентитети на блокот кои подлежат на санкции поради кршење на човековите права во Иран, изјавија за Ројтерс минатата недела двајца европски дипломати.

Европскиот парламент ја повика ЕУ да ја стави Револуционерната гарда (ИРГЦ) како терористички ентитет, обвинувајќи ја за репресија на внатрешните протести и испорака на беспилотни летала во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чолаку по првата седница: Романија има функционална влада, веќе се забележуваат позитивни ефекти

– Ова е нешто што не може да се реши без суд, прво судска одлука. Не можеш да кажеш дека те сметам за терорист затоа што не ми се допаѓаш – им рекол Жозеп Борел на новинарите по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на блокот во Брисел.

Тој додаде дека судот на одредена членка на ЕУ ќе треба да донесе конкретна правна пресуда пред самата ЕУ да може да реагира.

ИРГЦ беше основана кратко по Исламската револуција во 1979 година за да го заштити шиитскиот свештенички систем и да обезбеди противтежа на редовните вооружени сили.

Се проценува дека има 125.000 војници со армиски, морнарички и воздушни единици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еруптираше вулкан на Хаваите: Исфрла лава 80 метри во воздух (ВИДЕО)

Исто така, командува со верската милиција Басиџ, доброволна паравоена сила лојална на свештеничкиот естаблишмент што често се користи за задушување на антивладините протести.

Loading...

Односите меѓу земјите-членки на ЕУ и Техеран се влошија поради застојот на напорите за заживување на нуклеарните преговори.

Техеран, исто така, приведе неколку европски граѓани, а блокот станува сè покритичен кон неговото континуирано насилно задушување на демонстрациите и трансферот на ирански беспилотни летала во Русија, пишува Ројтерс.