16 загинати, меѓу кои 2 деца и украински министер во падот на хеликоптерот во Киев

Сподели со своите пријатели

Хеликоптер се урна во близина на градинка во украинскиот град Бровари, во близина на Киев.

Loading...

Гувернерот на Киев извести дека на местото на несреќата има жртви, а децата во моментот на падот на хеликоптерот биле во градинката.

Полицијата соопшти дека загинале најмалку 16, меѓу кои и две деца.

 

Се урна хеликоптер кај Киев, паднал покрај градинка полна со деца (ВИДЕО)

 

Загина украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, пренесе АФП.

Според извештаите, во хеликоптерот биле неговиот заменик Евген Џенин и државниот секретар.

Loading...

Според засега достапните информации, девет од 16 загинати биле во хеликоптерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русија не нападна со 60 дронови. Само еден остана во воздухот