Турција е решена да испрати жито и брашно во африканските земји преку коридорот за жито во Црното Море, изјави претседателот на таа земја Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency.
„Путин ми рече: „Ќе ти дадам жито бесплатно, а ти доставувај го во сиромашните африкански земји“. И кажавме добро. Ова ќе го добиеме бесплатно од вас. Да го претвориме во брашно во нашите фабрики и да го испратиме во сиромашните африкански земји“, рече Ердоган.
На 22 јули Турција, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од Црното Море, кој беше суспендиран по почетокот на руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за да ги надгледува пратките.
Првиот брод што превезува жито испловил од украинското пристаниште Одеса на 1 август минатата година според историски договор.
„Разговараме со Путин и Зеленски“
Турција доби меѓународна пофалба за нејзината единствена посредничка улога меѓу Украина и Русија и постојано ги повика Киев и Москва да преговараат за крај на војната преку преговори.
Ердоган рече дека Турција го прави својот дел во изнаоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина, за разлика од оние кои „им помагаат на трговците со оружје“.
„Вложуваме напори да постигнеме мир во светот. Истиот ден разговараме и со Путин и Зеленски. Се обидуваме да видиме како да ги помириме“, додаде турскиот претседател Ердоган.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.