Путин: Отворени сме за дијалог ako Киев ја признае новата територијална реалност

Сподели со своите пријатели

Русија е отворена за дијалог со Украина, под услов да ги прифати „новите територијални реалности“ создадени по руската офанзива, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Путин, во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, „повтори дека Русија е отворена за сериозен дијалог – под услов властите во Киев да ги почитуваат познатите и постојано изнесени барања и да ги земат предвид новите територијални реалности“, стои во соопштението од Кремљ.

Анкара претходно објави дека Ердоган го повикал Путин да воведе „едностран прекин на огнот“ во Украина.

„Повиците за мир и преговори меѓу Москва и Киев треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот“, објави турското претседателство.

 Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.