Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во новогодишната видео порака изјави дека победата на Русија над Украина е „неизбежна“.
Шојгу, кој беше жестоко критикуван за неговите неуспеси на бојното поле, рече дека ситуацијата на линијата на фронтот и понатаму е тешка.
Тој ги критикуваше Украина и Западот. „Новата година ја дочекуваме во тешка воено-политичка ситуација, во време кога има такви кои се обидуваат да ја избришат нашата славна историја и големите достигнувања, да урнат споменици на победниците над фашизмот, да ги подигнат воените злосторници на пиедестал, да ја поништат и оскверни се што е руско“, рече тој.
Иако Русија не обезбеди никакви територијални придобивки од првите месеци на војната, Шојгу им порача на руските војници дека „победата, како и Новата година, е неизбежна“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.