Гроси: Максимални напори да се запре нуклеарната програма на Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, изјави дека ќе вложи максимални напори да ја запре нуклеарната програма на Северна Кореја.

Loading...

Гроси рече дека ја споделува загриженоста на меѓународната заедница за севернокорејското нуклеарно прашање, соопштија од претседателскиот кабинет на Јужна Кореја.

Гроси го посети Сеул на покана на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, за да може агенцијата заедно со Јужна Кореја да одговори на, како што ги нарекува Сеул, „нуклеарните провокации на Северна Кореја“ и да обезбеди денуклеаризација на регионот.

МААЕ нема увид во нуклеарната програма на Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера инспекторите на агенцијата во 2009 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.