Што пишува во заканувачкиот мејл испратен до кумановските училишта? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вознемирувачка е содржината со закана за бомба која денеска пристигна до девет основни и едно средно училиште во Куманово.

Loading...

Во содржината на мејлот кој има наслов „Епсплозивен уред е поставен во вашето училиште“, се упатени закани кон премиерот Димитар Ковачевски и неговата партија и дека поради рушење на владата ќе страдаат невини луѓе.

– Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанскиот амбасадор во посета на Општина Куманово (ФОТО)

 

 

Пораката е испратена од адреса креирана на сервисот Gmail, [email protected] и истиот е испратен како групна порака до осум училишта.

Никола Ивановски

Loading...