Песков: Размената не е пресвртница во односите меѓу Русија и САД

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека размената на дилерот на оружје Виктор Бут за кошаркарката Бритни Грајнер не претставува пресвртница за ставање крај на кризата во односите меѓу Русија и САД и оцени дека односите сѐ уште се во „бедна состојба“.

„Разговорите беа само за размена и веројатно не е потребно да се извлекуваат шпекулативни заклучоци дека тоа може да биде чекор кон решавање на актуелната криза во нашите билатерални односи. Нашите билатерални односи остануваат во истата жална состојба“, рече Песков во барањето за коментар на дневниот весник „Известија“ што излезе денеска, пренесува ТАС С.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајван ги доби првите американски борбени авиони F-16V како дел од зајакнувањето на својата одбрана

САД и Русија вчера на аеродромот во Абу Даби ја разменија кошаркарката Бритни Грајнер, која беше во затвор во Русија, за рускиот дилер на оружје Виктор Бут, кој помина 12 години во американски затвор.

Грајнер, која освои два златни олимписки медали, беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром бидејќи во багажот имала масло од канабис, кое е забрането во Русија.

Таа на 4 август беше осудена на девет години затвор.

Во 2012 година, Бут беше осуден на 25 години затвор во САД под обвинение за заговор за убивање Американци, набавка и извоз на противвоздушни ракети и обезбедување материјална поддршка на терористичка организација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците ја нападнаа Русија за прв пат со нова тактичка балистичка ракета (ВИДЕО)