Ѓоковиќ ја завршува годината како петти тенисер во светот

Сподели со своите пријатели

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата на завршниот Мастерс во Торино напредуваше за три позиции и го зазема петтото место на АТП листата објавена денеска.

Loading...

Ѓоковиќ вчера го победи Норвежанецот Каспер Руд (7:5, 6:3), го израмни рекордот на Роџер Федерер, но и со новите 1.500 поени напредуваше за три позиции и ќе ја заврши сезоната како петти тенисер во светот со 4.820 поени на неговото конто.

Српскиот тенисер сега има точно 2.000 поени помалку од првопласираниот Шпанец Карлос Алкараз, а 1.200 помалку од второпласираниот Шпанец Рафаел Надал.

Норвешки Руд сега е трет на АТП листата, Гркот Срефанос Циципас е четврти, додека Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим ја задржа шестата позиција.

Русинот Данил Медведев падна на седмото место, а неговиот сонародник Андреј Рубљев на осмото, Американецот Тејлор Фриц и натаму е деветти, додека Полјакот Хуберт Хуркач ја заврши сезоната како десетти играч во светот.

АТП листа:

1. Карлос Алкараз (Шпанија) 6.820 бодови

2. Рафаел Надал (Шпанија) 6.020

Loading...

3. Каспер Руд (Норвешка) 5.820

4. Стефанос Циципас (Грција) 5.550

5. Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.820

6. Феликс Огер-Алиасиме (Канада) 4.195

7. Данил Медведев (Русија) 4.065

8. Андреј Рубљов (Русија) 3.930

9. Тејлор Фриц (САД) 3.355

10. Хуберт Хуркач (Полска) 2.905

Loading...