Почна партерното уредување на поранешен Хотел Солун

Сподели со своите пријатели

Почна партерното уредување на поранешен Хотел Солун, објект во централното градско подрачје во Куманово, информираа надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

– Се поставува бекатон на површината околу овој карактеристичен објект. Ќе се запази автентичноста. На терен работи скопската „Билд Инг“ која е избрана за поставување на бекатон на источната страна од Куманово, изјави помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Реконструкцијата на објектот на поранешен хотел Солун во Куманово, заврши во август 2021 Објектот го задржа автентичниот изглед, во приземјето има повеќенаменски простор за презентации, трибини и инфо-центар, а во просториите на првиот кат, административни простории.

 

 

Реконструкцијата се спроведуваше како дел од проектот „Заедничка историја и култура – Мост помеѓу границите“ е финансиран од ЕУ во рамки на ИПА 2 програма за прекугранична соработка со Република Бугарија, како водечки партнер Општина Куманово и партнер Општина Дупница.

Секторот за евроинтеграции од Општина Куманово, претходно го изработи проектот за обнова на поранешниот „Хотел Солун“, еден од најрепрезентативните објекти, лоциран на улицата „Иво Лола Рибар“ во централното градско подрачје.

Loading...

Бенефитот од реализацијата на овој проект појаснија од општината е повеќекратен и вклучува подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природното и културното наследство.

МИА