Италија издаде 18 налози за апсење за шверц на луѓе

Сподели со своите пријатели

Италијанската полиција издаде налози за апсење на 18 лица осомничени дека воделе нелегална операција за шверц на луѓе меѓу Тунис и Италија.

Loading...

Обвиненија се покренати против 11 Тунижани и седум италијански државјани, кои се обвинети дека со глисери превезувале мигранти од тунискиот брег до пристаништето во Сицилија, пренесува АП.

Осомничените за превоз на мигранти земале од 3.000 до 5.000 евра по лице, а во една тура превезле и до 30 лица, се вели во соопштението на полицијата.

Истрагата беше покрената во февруари 2019 година, откако рибар забележал сомнителен брод долг 10 метри во сицилијанското пристаниште Гела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џорџа Мелони најави кандидатура за Европскиот парламент

Инспекторите откриле дека чамецот бил украден 10 дена претходно во Катанија, Сицилија.

Администрацијата на новиот премиер Џорџа Мелони, формирана минатиот месец, многу брзо воведе нови мерки за сузбивање на приливот на мигранти.