Истанбул: Од болница се пуштени 57 ранети во терористичкиот напад

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја потврди дека 57 лица, кои беа повредени во вчерашниот терористички напад на ПКК во Истанбул, се пуштени од болница и дека лекувањето на 24 лица продолжува, јавува Anadolu Agency (AA).

Loading...

Јерликаја на социјалните мрежи ја сподели најновата информација во врска со повредените во терористичкиот напад на улицата Истиклал, во кој загинаа шест лица.

– Ослободени се 57 наши повредени кои беа згрижени во болница поради експлозијата во улицата Истиклал. Од нашите 24 пациенти, шестмина се на интензивна нега. Состојбата на двајца наши пациенти сѐ уште е сериозна – изјави Јерликаја.

Да потсетиме, рано утринава шефот на турската полиција Сулејман Сојлу соопшти дека е уапсен лицето што ја постави бомбата во Истанбул, а во текот на денот турските медиуми ќе објават видео од апсењето.

Терористката Ахлам Албашир, одговорна за нападот во Истанбул, признала дека ја обучувала терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ за разузнавање и дека илегално влегла во Турција од Африн, Сирија, соопшти турската полиција.