Загина Јапонец кој се борел на страната на Украина

Сподели со своите пријатели

Јапонец кој се борел на украинската страна против Русија загинал во Украина како прва позната јапонска жртва во таа војна, објави во петокот јапонската влада.

Еден млад човек на возраст од дваесетина години е убиен во борба во средата, изјави за новинарите портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно.

Официјален претставник на јапонското Министерство за надворешни работи изјави за АФП дека младиот човек е првиот јапонски државјанин што починал во Украина „од почетокот на (руската) инвазија во февруари“.

Loading...

Јапонските дипломати „се во контакт со неговото семејство и ќе им ја пружат сета помош што им е потребна“, додаде Мацуно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санчез имал проблем со авионот, ќе учествува на самитот за Украина преку видео повик

Јапонските власти не открија детали.

Агенцијата Џиџи прес пишува дека младиот човек се борел во единицата која учествувала во украинската контраофанзива на источното бојно поле.

Јапонија со месеци ги повикува своите граѓани да ја напуштат Украина и да не патуваат во таа земја.

Во февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски отворено ги покани странците од целиот свет да се приклучат на „меѓународната легија“ што се бори против Русија во неговата татковина.

Loading...

Околу 20.000 меѓународни волонтери, претежно од европските земји, одговорија на повикот на Киев во март, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за Си-Ен-Ен.

Москва, која ги нарекува овие борци платеници, во јуни процени дека имало 7.000 и тврди дека убила 2.000 од нив од почетокот на конфликтот. Меѓу затворениците има и странски борци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иако е 6.500 километри од Украина, Владивосток ги чувствува последиците од руската војна

Властите во Тајпеј минатата недела објавија дека 25-годишен Тајванец кој се борел против руските сили во Украина бил убиен во акција, што е првата позната жртва од Тајван.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.