Канада ќе прима половина милион доселеници годишно

Сподели со своите пријатели

Канада го зголеми бројот на доселеници што има намера да ги прими за околу половина милион годишно до 2025 година, за да го надополни големиот недостиг на домашна работна сила.

Loading...

„На Канада ѝ требаат повеќе луѓе“, рече Шон Фрејзер, министер за имиграција, пренесе Танјуг.

Повеќе од 900.000 работни места се слободни во многу сектори, а невработеноста падна на историски најниско ниво во последните месеци и беше 5,2 отсто во септември.

Затоа, Отава има намера да додели постојан престој на 465.000 луѓе во 2023 година, 485.000 во 2024 година и 500.000 во 2025 година.

Канадската влада има намера да ги промени програмите за скрининг за имиграција за подобро да се справи со големиот недостиг на работна сила во здравствената заштита, квалификувани занаети, производството и науката, технологијата, инженерството и математиката.

Целта е до 2025 година повеќе од 60 отсто од сите имигранти да бидат економски мигранти.

Канада, исто така, има намера побрзо да ги обедини семејствата чии членови живеат во странство, но и да прими помалку бегалци.

Оваа земја примила повеќе од 405.000 имигранти во 2021 година, што е најголема бројка што ја примила за една година, соопшти Министерството за имиграција.

Loading...

„Населението на Канада расте речиси двојно побрзо од која било земја од Г7“, рече министерот Шон Фрејзер.

Меѓу седумте индустриски најразвиени земји во светот, Канада, која има речиси 39 милиони жители, има најголем удел на имигранти, така што речиси една четвртина од Канаѓаните се родени во странство.

Во исто време, Канада се соочува со рекорден бран на пензионирања.