Две палења на отпад на отворено регистираа денеска инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина и Општина Куманово.
Како што информираат од ДИЖС, во Кумановско Агино село по укажување од страна на директорот за запален комунален отпад измешан со отпадна гума.
Била повикана противпожарна единица, а направен е заеднички увид со раководителот на Општинскиот инспекторат Куманово.
Второто прекршување било регистрирано во кумановската населба Тоде Мендол позната како Диво насеље.
Таму при заеднички увид на ДИЖС и општинските служби е затекнато физичко лице како пали комунален и земјоделски отпад.
– Облакот од горење го прекриваше половина од градот Куманово. Направен е Записник за констатација од страна на Раководителот на Општинскиот Инспекторат Куманово и истиот ќе постапува по предметот во инспекциска постапка согласно надлежноста, стои во соопштението на ДИЖС.
Никола Ивановски