Украинската војска повторно собори ирански дронови

Сподели со своите пријатели

Украинската армија во ноќта на 20 октомври собори 14 ирански дронови камикази Шахед-136 во регионот на Миколаев, соопштија од украинските воздухопловни сили, пренесува Укринформ.

Loading...

Девет дронови беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана на Јужната воздушна команда на воздухопловните сили.

Покрај тоа, два дрона беа уништени од поморските сили на вооружените сили на Украина, други два од Националната гарда на Украина и еден од Националната полиција на Украина.

Да потсетиме, на 19 октомври 2022 година, три лица беа повредени во напад на руски самоубиствен дрон врз градот Чернихив. Двајца од нив се во критична состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полската авијација во готовност поради руски напади

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.