По нешто повеќе од половина година, денеска точно во 12 часот ќе биде отворен за сообраќај мостот на реката Кумановка во селото Проевце на магистралниот пат Куманово – Свети Николе.
Патниот правец беше затворен на почетокот на март поради санација на мостот, кој имаше сериозни оштетувања.
Градежните активности започнаа во декември минатата година, а изведувач е компанијата „Синтек Инжинеринг“ – Скопје.
Реконструкцијата опфаќа санација на столбовите, менување на лежишта, санација на челичната конструкција, на отворената дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нова хидроизолација, нови дилатации, нова еластична одбојна ограда и нови тротоари.
Целосната реконструкција на мостот чини 59,7 милиони денари без ДДВ, односно скоро 936.000 евра.
Никола Ивановски