Низа спортски настани во Куманово по повод „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово, традиционално по повод Празникот 11-ти Октомври, заедно со своите членки, организира низа спортски манифестации.

Loading...

Од 8ми до 10ти октомври ќе се одржи Турнир во тенис (Отворено првенство) за деца до 14 години, на тениските терени кај Спортска сала.

На 08.10 сабота ќе се одржи Меѓународен Атлетски митинг, на Атлетски полигон Соколана, со почеток од 10:30 часот. Ќе има натпревар за деца до 14 години, семејна штафета и официјална програма.

Ден подоцна, во недела, ќе се одржи Меѓународен Куп  11-ти Октомври во Спортско риболовство, на Езеро Гоого-Монт, со почеток од 7 часот. Со што клубот воедно прославува и јубилеј од 70 години постоење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Во недела ЗСПК „Козјак“ ќе го реализира својот 24-ти Меморијален марш Појак Калман на релација Степанце – Врв Китка и обратно.

Истиот ден ќе се одржи и Турнир во одбојка во женска конкуренција, во спортска сала на ООУ „Христијан Карпош“ со почеток од 12 часот.

На 11ти (вторник) ќе се одржи Турнир во ракомет, во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, со почеток од 10 часот.

– Истиот ден ќе се одржи и Турнир во пинг-понг, во сала на Гимазија „Гоце Делчев“, со почеток во 10.30 часот.

Loading...

Во вторник исто така на распоред е и Велосипедска трка „ТРОФЕЈ 11-ти Октомври“,  кружна трка со старт кај Спортска сала – Октомвриска револуција и Трета „МУБ“, со почеток во 12 часот, а од 11 часот ќе започне училишната трка час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Казахстан во посета на Општина Куманово

Во меѓувреме ќе се одржи и Аикидо семинар, во сала на Аикидо клуб Агатсу на ул. „Моша Пијаде“ бр.61 Куманово, со почеток од 19 часот.

– На ден 13ти, четврток ќе се одржи манифестацијата „На партија Шах„ – Меѓународен турнир со големи мајстори, пред НУЦК „Трајко Прокопиев“ со почеток во 17:00 часот, а во 13 часот ќе се одржи Брзопотезен турнир во просториите на клубот.

Никола Ивановски