Маск повторно го сака Твитер, акциите на компанијата скокнаа!

Сподели со своите пријатели

Милијардерот Илон Маск сега, среде правен спор, предлага да се продолжи со понуда за преземање на Твитер по цена од 54,2 долари по акција, што тој ја нудел и претходно.

Loading...

Ова предизвика раст на акциите на таа социјална мрежа на њујоршката берза, пренесува Bloomberg.

Акциите на Twitter скокнаа за 12,7 отсто на 93 долари, пред тргувањето да биде прекинато по втор пат, додека вредноста на акциите на компанијата „Тесла“, производителот на електрични возила на чело со Маск, падна за околу три отсто, пренесува Ројтерс.

Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, пренесува дека Маск го дал тој предлог во писмо испратено до Твитер, пишува Инвеститор.

Во меѓувреме, компанијата Твитер потврди дека добила писмо од Маск кој сака да ја купи социјалната платформа.

„Го добивме писмото. Намерата на компанијата е да ја заврши оваа трансакција по дефинирана цена“, објави групата со седиште во Сан Франциско на Твитер.

Веста доаѓа пред судското сослушување и соочувањето меѓу Маск и Твитер во судот во Делавер на 17 октомври.

Компанијата поднесе тужба против најбогатиот човек на светот, барајќи налог да му се нареди на Маск да го затвори преземањето на компанијата за социјални медиуми по цена од 54,20 долари по акција, од која подоцна се повлече.

Loading...

Во април, Маск се согласи да го купи Твитер за 44 милијарди долари, но неколку недели подоцна објави дека компанијата не му доставила точни податоци за лажни и спам сметки дури и по неговите упорни барања, тврдејќи дека нивниот процент е поголем отколку што Твитер процени дека има помалку од пет проценти.

После тоа објави дека ја повлекува понудата за купување на таа компанија.