Егзодусот на мажи од Русија во Грузија продолжува и денеска.
Голем број Руси ги оставија возилата поради колоната од 100 метри која не се помести и тргна пешки кон границата.
Многумина ноќта ја поминаа на самата граница.
„Не сакавме да бидеме дел од војната“, велат тие.
Nexta објави видео од руско-грузиската граница на кое се гледаат стотици Руси кои стојат во ред и чекаат да ја поминат границата.
Според медиумите, досега во Грузија побегнале 194.000 Руси.
До границата пешачат по 25 километри. Меѓу бегалците има и семејства со мали деца.
This is what the Upper Lars border crossing with #Georgia looks like now. pic.twitter.com/oViv9QePqV
— NEXTA (@nexta_tv) September 28, 2022
Сепак, не сите Грузијци се ентузијасти од доаѓањето на Русите.
Како што тврдат новинарите, цените на местата каде што доаѓаат бегалците драстично пораснале, а во некои ресторани не може да се влезе бидејќи се полни со Руси.
На многу згради се закачени украински знамиња и пораки за Владимир Путин.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.