Викенд прогноза за Куманово: Наутро свежо, попладне релативно топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворен повик за номинации за Ноемвриската награда на Општина Куманово

Утре ќе имаме сончево и релативно топло време за овој период од годината, со слаб до умерен североисточен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се спушти до третиот степен, а максимумот во текот на денот ќе достигне до 24 степени целзиусови.

 

 

И во недела ќе имаме сончево и релативно топло време за овој период од годината.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални три до максимални 25 степени целзиусови.

 

 

Слично време, со температури над 20 степени, ќе се задржи и во текот на претстојната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Адем Мекиќ повторно во дресот на Куманово

Никола Ивановски