Шолц: Имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

Сподели со своите пријатели

Германија има добри шанси успешно да ја преброди зимата и покрај намалениот проток на гас од Русија, благодарение на мерките кои вклучуваат продолжување на животниот век на две нуклеарни централи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Loading...

Капацитетот за складирање на гас во Германија е поголем од ова време минатата година и ќе продолжи да се надополнува пред зимата, рече Шолц во говорот во Синдикатот на германските работодавачи, пренесува Ројтерс.

Претходно, германскиот канцелар изјави дека федералната влада планира пакет за помош на граѓаните, истакнувајќи дека „никој нема да остане сам“.

Сакаме огромен напредок во водородната индустрија

Германија сака да постигне огромен напредок во индустријата за водород како дел од напорите да ги замени сопствените извори на енергија и да ги постигне климатските цели, рече германската канцеларка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската министерка ја поддржа одлуката на Бајден Украина да ја нападне Русија

Опишувајќи го водородот како гас на иднината, Шолц во говорот на Денот на германските работодавачи вети дека Германија ќе „предизвика голем бум“, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека земјата ќе обезбеди инфраструктура неопходна за увоз на целиот гас што и е потребен до крајот на 2023 година и укажа на тековната изградба на копнениот терминал за течен природен гас, наведува британската агенција.

Шолц беше во Канада минатиот месец, кога двете земји потпишаа договор за долгорочна соработка во производството и транспортот на гас на иднината, климатско неутрален „зелен“ водород, а беа одржани одделни разговори за изградба на ЛНГ терминал на канадскиот атлантски брег во следните пет години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ќе започне со испорака на 4.000 дронови со вештачка интелигенција во Украина од декември

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...