Отворен повик за номинации за Ноемвриската награда на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и оваа година ќе ја додели традиционалната „Ноемвриска награда“, највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области.

Како што информира Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија при Советот на Општина Куманово, право на предлагање кандидати имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани и поединци.

Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници кои со своето работење и дејствување постигнале особено остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Наутро свежо, попладне релативно топло

За наградата може да бидат предложени дела и постигнувања кои се достапни на јавноста до 11 октомври во тековната година.

Авторот на делото треба да биде жител на Општина Куманово, организацијата или заедницата да биде од Општина Куманово, односно делото или постигнувањето да биде тематски врзано за Општина Куманово.

Предлозите за доделување на Ноемвриската награда треба да бидат доставени во писмена форма до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија.

Крајниот рок за доставување на предлозите е 31 октомври 2026 година.

Никола Ивановски