Ерменија побара помош од Русија

Сподели со своите пријатели

Владата на Ерменија се обрати до Русија, Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и Советот за безбедност на ОН поради влошувањето на ситуацијата на границата со Азербејџан, јави ерменската телевизија.

Loading...

Претходно прес-службата на Владата на Ерменија по седницата на Советот за безбедност што ја одржа премиерот на земјата Никол Пашинјан соопшти дека има намера да побара помош од Москва, ОДКБ и ОН.

На ерменска страна има мртви и ранети

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Арам Торосјан објави дека продолжуваат рововските борби во некои делови на ерменско-азербејџанската граница.

– Непријателот продолжува да користи артилерија, минофрлачи, беспилотни летала и малокалибарско оружје во правец на Варденис, Сотко, Артаниш, Ишханасар, Горис и Капан. Напаѓаат и воени објекти и објекти од цивилна инфраструктура – рече Торосјан, посочувајќи дека „непријателот не престанува да се обидува да напредува“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џорџа Мелони најави кандидатура за Европскиот парламент

Тој посочи дека има загинати и ранети на ерменска страна и дека податоците се утврдуваат.

Азербејџан ја обвинува Ерменија

Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Азербејџан ја обвини ерменската страна дека има намера да го прекине мировниот процес.

– Под различни изговори Ерменија го забави процесот на нормализација, покажа деструктивна позиција во преговорите што се водеа со меѓународни напори, не ги повлече ерменските вооружени сили од територијата на Азербејџан и покрај обврските во рамките на трилатералните декларации и договори. Исто така продолжи да ги минира териториите, се наведува во соопштението на азербејџанскиот оддел за надворешна политика.

Ги информираше Путин, Лавров, Блинкен

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан синоќа телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во врска со влошувањето на ситуацијата на границата со Азербејџан, соопшти прес-службата на ерменската влада.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

„Премиерот даде детали за провокативните, агресивни дејствија на вооружените сили на Азербејџан против суверена територија на Ерменија, кои започнаа на полноќ, а беа проследени со пукање од артилериско и малокалибарско оружје. Пашинјан рече дека дејствијата на азербејџанската страна се неприфатливи и ја истакна важноста од адекватна реакција на меѓународната заедница“, се вели во соопштението.

Соговорниците се договориле да останат во контакт. Ерменската страна разговарала и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кои беа информирани за ситуацијата на границата.

После тоа, Блинкен зборуваше и рече дека САД се длабоко загрижени за конфликтот на границата на Ерменија и Азербејџан и дека ги повикуваат страните веднаш да го прекинат огнот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Педро Санчез: Останувам на функцијата премиер на Шпанија

Состојбата на границата

Синоќа жителите на неколку ерменски градови пријавија експлозии предизвикани од артилерија и беспилотни летала.

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанската армија користи тешка артилерија и дека се користат и беспилотни летала.

Се огласи и Азербејџан, кој тврди дека Ерменија „почнала со широки провокации“ против азербејџанските вооружени сили, кои одговориле со „интензивен оган“ кон ерменските позиции.